Трансферот на премиерот во друга болница не е ниту планиран ниту можен во блиска иднина, соопшти вицепремиерот Роберт Калинак

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност, но сѐ уште е во тешка состојба, објавија денеска официјални лица.

„Закрепнувањето на Фицо ќе биде долго и болно. Потребен е неколкунеделен одмор“, изјави службеник на болницата, објави ТАСР - новинска агенција на Република Словачка.

„Трансферот на премиерот во друга болница не е ниту планиран ниту можен во блиска иднина“, соопшти вицепремиерот Роберт Калинак.

Премиерот на Словачка Роберт Фицо беше застрелан повеќепати во средата додека разговараше со поддржувачите пред културниот центар по состанокот на владата во градот Хандлова.

Полицијата официјално не сака да го открие името на осомничениот, но медиумите го идентификуваа како 71-годишниот пензионер Јурај Цинтулу.

Во четвртокот тој беше обвинет за обид за убиство и напад кој полицијата го смета за „политички мотивиран“.

AA
Популарни