Ултранационалистичкиот кандидат Калин Георгеску води со мала разлика во првиот круг од претседателските избори во Романија, објави доцна синоќа Постојаната изборна управа на земјата.
Георгеску собра 22,08 отсто од гласовите во споредба со 22,07 отсто на премиерот Марсел Чолаку по преброени 81 отсто од гласовите.
Централно-десничарскиот опозицискиот водач Елена Ласкони од партијата „Да го спасиме романското единство“ освои 14,13 отсто од гласовите.
Околу 9,4 милиони луѓе го дадоа својот глас на гласачките места, кои беа затворени во 19:00 часот по локално време, што укажува на излезност од над 50 отсто.
Гласачите избираа меѓу 13 кандидати да го заменат претседателот во заминување Клаус Јоханис.
Најдобрите двајца кандидати ќе преминат во вториот круг на 8 декември доколку ниту еден кандидат не добие повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг.