Демонсгтранти во државните резиденции во Шри Ланка     Фото: АА 

Хаосот во Шри Ланка предизвикан од економската криза веројатно ќе резултира со нова Влада предводена од сегашната опозиција. Опозиционерите треба да се состанат во текот на денот и да го договорат формирањето нова Влада откако премиерот Ранил Викремесинге и претседателот Готабаја Раџапакса најавија дека ќе поднесат оставки.

Опозиционерите најавуваат дека лесно ќе го соберат потребното мнозинство од 113 гласови за ново парламентарно мнозинство по што ќе побараат од претседателот Готабаја Рџапакса да назначи нова Влада и да се повлече.

Претседателот на парламентот Јапа Абејвардена изјави дека Раџапакса ќе поднесе оставка во среда. Во случај на оставка на премиерот и претседателот на државата,, според Уставот в.д. шеф на државата станува претседателот на Парламентот.

Вчера ситуацијата со протестите во земјата кулминираше откако демонстрантите упаднаа во резиденциите на премиерот и претседателот и ја запалија куќата на премиерот Рамил Викремесинге.

Причина за протестите е недостигот од храна и гориво и можноста државата да се соочи со банкрот.

TRT Balkan / агенции
Популарни