Профил на Ибрахим Калин: Новиот шеф на турската разузнавачка агенција / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи Ибрахим Калин за шеф на Националната разузнавачка организација (МИТ), соопшти Дирекцијата за комуникации на земјата. До пред неговото ново назначување вчера, Калин беше турски претседателски портпарол од 2014 година.

Калин (51), исто така беше заменик-претседател на Советот за безбедност и надворешна политика на турското претседателство и главен советник на Ердоган од 2018 година.

Калин докторираше на Универзитетот Џорџ Вашингтон за исламски студии и беше еден од основачите на СЕТА (Фондација за политички, економски и социјални истражувања), тинк-тенк со седиште во Анкара. Оженет е и има три деца.

По победата на претседателските избори на 28 мај, Ердоган во саботата го претстави својот нов кабинет по неговата инаугурација во главниот турски град Анкара.

TRT Balkan / агенции
Популарни