Руска делегација пристигна во Дамаск, јавуваат руските медиуми, со што е прва посета на руски претставници на Сирија по соборувањето на режимот на Башар Асад во декември минатата година.
Делегацијата е предводена од двајца руски високи дипломати, заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов и специјалниот претставник на претседателот за Сирија Александар Лаврентиев, јави руската државна новинска агенција РИА.
Посетата се случува само неколку дена откако ЕУ го поврза укинувањето на санкциите за Сирија со повлекувањето на странските вооружени сили од нејзината територија, барајќи од сириските власти да побараат од Русија да ги ослободи своите воени бази во Хмеимим и Тартус.
AA