Обидите на Вашингтон да ја порази Москва додека нуди дијалог се лицемерни, вели Путин

Рускиот претседател Владимир Путин во своето годишно обраќање пред нацијата денес го обвини Западот дека ја вовлекува Русија во трка за вооружување.

„Гледаме дека Западот се обидува да нѐ вовлече во трка за вооружување. На тој начин сака да нѐ истроши, да го повтори трикот што му успеа во 1980-тите години со Советскиот Сојуз“, изјави Путин пред пратениците, официјалните претставници и новинарите во Федералното собрание.

Како што рече, стратегиските нуклеарни сили на земјата се во „состојба на целосна готовност“.

Тој, исто така, ги објави плановите за зајакнување на вооружените сили во западниот дел на земјата по пристапувањето на Шведска и Финска во НАТО.

Путин порача дека Русија е подготвена за дијалог со Соединетите Американски Држави за прашањата за стратегиската стабилност, но нагласи дека обидите на Вашингтон да ја порази Москва додека нуди дијалог се „лицемерни“.

AA
Популарни