Ова не е прв пат Путин да го преземе кормилото, тој веќе летал со старата верзија на Ту-160 и со Су-27 / Photo: Reuters

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот облече пилотски комбинезон и седна на пилотското седиште на високотехнолошкиот суперсоничен стратешки бомбардер Ту-160М за лично да го провери квалитетот на неговата модернизација.

Џиновскиот авион со променлива геометрија на крилата е значително модернизирана верзија на бомбардерот од советската ера што СССР би го испратил во случај на нуклеарен конфликт со Западот и потреба од пренос на нуклеарно оружје на долги растојанија. Туполев Ту-160М може да носи 12 крстосувачки ракети и 12 нуклеарни ракети со краток дострел, а може да лета 12.000 километри без полнење гориво.

Путин пристигнал на пистата на авионската фабрика во Казан облечен како пилот и седнал на пилотското место.

Летот траел 30 минути, но рутата е државна тајна.

По летот, Путин рече дека Ту-160М е сигурен авион и дека му оставил добар впечаток.

„Техниката е добра. Вооружените сили на Русија можат да го прифатат Ту-160М во своите редови“, рече Путин.

Путин потоа седна зад воланот на камионот „КамАЗ“ со кој од Казан стигна до мултифункционалната зона од каде започнува патот М-12 „Восток“.

Ту-160м е најголемиот суперсоничен авион во историјата на воената авијација и најтешкиот борбен авион во светот Reuters

Ту-160м е суперсоничен тежок стратешки бомбардер со променливо крило, наречен во Русија „Бел лебед“, во НАТО - „Блек Џек“, тој е дизајниран да погодува цели во оддалечените области со нуклеарно и конвенционално оружје.

Стратешкиот бомбардер Ту-160м е најголемиот суперсоничен авион во историјата на воената авијација и најтешкиот борбен авион во светот.

Путин веќе управувал со неколку воени авиони, вклучително и борбени авиони. Покрај тоа, тој веќе летал со претходниот модел на бомбардерот Ту-160 во август 2005 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни