Рускиот претседател Владимир Путин денеска му честиташе на Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД и рече дека е подготвен да разговара со него. Путин смета дека секоја идеја за олеснување на прекинот на украинската криза заслужува внимание.
Путин рече дека е импресиониран од тоа како Трамп, кој решително ја порази потпретседателката Камала Харис за да го обезбеди неговото враќање во Белата куќа, се однесуваше во моментите по обидот за атентат во јули. Путин го опиша Трамп како храбар човек.
Путин оцени дека Трамп во првиот мандат се плашел да не направи непотребен чекор или да не каже нешто непотребно.
“Што ќе прави во вториот мандат се уште не е познато. Но, неговите изјави за неговата намера да ги обнови односите со Русија и да стави крај на конфликтот во Украина заслужуваат внимание” рече Путин на пленарната седница на клубот за дискусија „Валдај”.