Путин ќе одржи говор во Кремљ на церемонија за вклучување на регионите кон Русија.         Фото: Ројтерс

Рускиот претседател Владимир Путин утрово потпиша указ за признавање на таканаречената независност на регионите Херсон и Запорожје во Украина, заземени од руската армија.

Референдуми за приклучување кон Русија беа одржани од 23 до 27 септември во таканаречените Народни републики Доњецк и Луганск, кои се под контрола на проруските сепаратисти, и во регионите Херсон и Запорожје.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека на 30 септември во Кремљ ќе се одржи церемонија за вклучување на регионите кон Русија.

Референдумите беа остро осудени од меѓународната заедница, а европските земји и САД рекоа дека референдумите нема да бидат признаени.

Русија ја призна таканаречената независност на сепаратистичките управи во Доњецк и Луганск на 21 февруари.

AA
Популарни