Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот потпиша закон со кој им се забранува на странските државјани и лицата без државјанство да даваат услуги за сурогат мајчинство во земјатa.
„За руските граѓани кои се во брак, како и за слободните жени, оваа можност останува. Забраната нема да важи за случаите кога руски државјанин е во регистриран брак со странец“, се вели во соопштението на Државната дума, Долниот дом на парламентот.
Исто така, се додава дека дете родено во Русија од сурогат мајка која склучила договор за сурогат мајчинство со потенцијални родители или самохрана жена ќе може да стекне руско државјанство со раѓање.
Државната дума претходно на 8 декември објави дека пратениците го усвоиле предлог-законот во второ и трето читање.