Путин: Сериозни последици поради ограничувањето на цената на руската нафта / Photo: AA

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди на сериозни последици за глобалниот енергетски пазар доколку Западот воведе ограничување на цената на руската нафта.

Во соопштението на Кремљ се наведува дека Путин остварил телефонски разговор со ирачкиот премиер Мухамед Шија ал Судани, во кој му честитал на преземањето на функцијата премиер.

Освен фокусираноста на изгледите за продлабочување на билатералните трговски и економски односи, двете страни, исто така, „ја пофалија заедничката работа на Русија и Ирак во рамките на ОПЕК +, што овозможува да се обезбеди стабилност на светскиот пазар на нафта“.

Во разговорот станало збор и за обидите на Западот за ограничување на цената на руската нафта, за што Путин истакнал дека „таквите активности се спротивни на пазарните принципи и многу веројатно ќе резултираат со сериозни последици за глобалниот енергетски пазар“.

Европската Унија досега не успеа да постигне договор за ограничување на цената на руската нафта, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека земјите членки работат со полна брзина на деветтиот пакет санкции и дека многу наскоро ќе одобрат ограничување на глобалната цена на руската нафта со Г7 и другите големи партнери.

„Нема да бидеме мирни додека Украина не победи против Путин и неговата нелегитимна и варварска војна“, мислејќи на „специјалната воена операција“ на Москва која започна во февруари во Украина.

TRT Balkan / агенции
Популарни