„Невозможно е да се победи Русија на бојното поле“, изјави Путин      Фото: АА

Рускиот претседател Владимир Путин упати нуклеарна закана кон Западот поради поддршката за Украина, и го суспендираше билатералниот нуклеарен договор СТАРТ, најавувајќи дека нови стратешки системи се ставени во состојба на готовс.

Држејќи говор на речиси една година од почетокот на офанзивата во Украина, Путин предупреди дека Москва може да ги врати нуклеарните тестови, продлабочувајќи ја конфронтацијата со Западот која е на највисоко ниво од најкризниот период на некогашната Студена војна.

„Елитите на Западот не ја кријат својата цел. Но, исто така, не можат да не сфатат дека е невозможно да се победи Русија на бојното поле“, изјави Путин пред политичкиот и воениот врв.

Предупредувајќи ги САД дека војната во Украина ја поттикнуваат во глобален конфликт, Путин рече дека Русија го суспендира учеството во новиот СТАРТ договор, последниот документ за контрола на вооружувањето кој се уште беше важечки меѓу двете велесили.

Со договорот се ограничува бројот на нуклеарни глави кои двете нуклеарни сили може да ги распоредат и кој требаше да истече во 2026 година.

„Принуден сум да објавам дека Русија го суспендира своето учество во Договорот за намалување на стратешкото оружје“, рече Путин.

Стратешки системи на готовс

Во обраќањето Путин тврдеше дека некои личности од Вашингтон размислувале да ги обноват нуклеарните тестирања и дека поседува информации дека САД наводно развива нови видови на нуклеарно оружје.

Затоа, Министерство за одбрана и нуклеарната соработка на Русија Росатом треба да бидат подготвени за тестови на руското нуклеарно оружје доколку тоа е потребно, истакна Путин.

„Се разбира дека нема ние да бидеме први. Но, ако САД спроведат тестови, ќе тестираме и ние. Никој не треба да има опасни илузии дека глобалниот стратешки паритет може да биде уништен“, смета Путин.

Откри и дека потпишал уредба за поставување на нови копнени стратешки системи на борбена готовност и прашува дали западните сили и во тоа ќе се мешаат.

Засега не е јасно утврдено кои копнени системи се ставени под борбена готовност. Според Путин постои намера Украина бара начин да нападне објект длабоко во руска територија каде се сместени нуклеарните бомбардери, алудирајќи на воздухопловната база „Енгелс“.

Русија и САД имаат огромен арсенал на нуклеарно оружје останато од Студената војна и натаму, убедливо, се најголемите нуклеарни сили. Заедно собранор располагаат со 90% од сите нуклеарни боеви глави во светот.

Новиот договор СТАРТ ги ограничи двете страни на 1.550 боеви глави на распоредени интерконтинентални балистички ракети, подморнички балистички ракети и тешки бомбардери. Двете страни ги исполнија пропишаните лимити до 2018 година.

САД во Прегледот на нуклеарната положба во 2022 година сметаат дека Русија и Кина ги прошируваат и модернизираат своите нуклеарни сили и дека Вашингтон ќе продолжи со пристап заснован на контрола на вооружувањето за да ги спречи скапите трки на вооружување.

TRT World
Популарни