Зголемен бројот на лица кои за првпат побарале азил во земјите на ЕУ / Photo: AA

Во април 2023 година споредено со април 2022 за повеќе од една третина пораснал бројот на баратели на азил во Европската унија од страна на луѓе од земји кои не се членки на Европската унија (ЕУ). Годинава во април азил за прв пат побарале 72 630 лица надвор од ЕУ, а минатата година тоа го сториле 54 350 луѓе од овие земји, објави Евростат.

Од друга страна за пет проценти е намален бројот на баратели на азил кои тоа не го прават прв пат. Во април 2023 имало 5 310 апликации од луѓе кои тоа не го сториле прв пат за разлика од април 2022 година кога имало 5.610 случаи.

Сиријци и Авганистанци најбројни баратели на азил за прв пат

Меѓу оние кои за прв пат побарале азил најголем број се Сиријци. Од оваа држава се 9. 420 апликанти. Потоа доаѓаат Авганистанците. Од Авганистан пристигнале 7.405 апликации. По руската воена агресија во Украина, значително се зголемени барањата за азил од Украина. Од 2 105 во февруари 2022 година на 12 190 во март 2022 година, но бројките се намалуваат и во април 2023 од Украина пристигнале 895 барања на лица кои ги поднеле прв патна.

Во април 2023 година, бројот на баратели на азил со руско државјанство за прв пат се рангираше на 12-то место меѓу сите државјанства, со 1.720 барања.

Германија, Шпанија, Франција и Италија се државите до кои пристигнале 72% од барањата за азил кои се поднесени за прв пат.

Во април 2023 година, во Германија пристигнале 20.950, во Шпанија 12.910, во Франција 10.260 и во Италија 8.175 барања. Тоа претставува речиси три четвртини од сите апликанти за прв пат во ЕУ.

Вкупно во просек во ЕУ, имало 162 барања за азил за прв пат на милион луѓе. Во споредба со населението на секоја земја на ЕУ на 1 јануари 2023 година, девет земји-членки имаа повисока стапка од вкупниот сооднос на ЕУ. Најниска стапка е забележана во Унгарија 0,4.

Во април 2023 година, 2.625 малолетници без придружба за првпат поднеле барање за азил во ЕУ, главно од Авганистан 895 и Сирија 685.

Земјите на ЕУ кои добија најголем број барања за азил од непридружувани малолетници во април 2023 година беа Германија 1 105, Холандија 340 и Австрија 285.

TRT Balkan / агенции
Популарни