Годишната инфлација во Велика Британија во јули изнесуваше 10,1 отсто, достигнувајќи првпат во 40 години двоцифрена стапка.     Фото: АА

Годишната инфлација во Велика Британија во јули изнесуваше 10,1 отсто, достигнувајќи првпат во 40 години двоцифрена стапка.

Канцеларијата за национална статистика (ONS) на Велика Британија соопшти дека најголем придонес за порастот на стапката на инфлација дадоа услугите за домаќинството, транспортот, храната и безалкохолните пијалаци.

На месечно ниво, потрошувачките цени пораснале за 0,6 отсто.

Британската централна банка претходно предвидуваше дека инфлацијата пред крајот на 2022 година ќе достигне 13 отсто.

AA
Популарни