Уставниот суд на Романија во понеделникот ги потврди изненадувачките резултати од првиот круг на претседателските избори од 24 ноември, со што се отвори теренот за вториот круг на 8 декември што може да ја загрози романската прозападна ориентација и да ја поткопа поддршката на земјата за Украина.
Пресудата ја отстранува неизвесноста што ја надвисна нацијата, откако Уставниот суд нареди повторно пребројување на гласовите минатата недела, по победата на помалку познатиот кандидат на екстремната десница Калин Ѓорѓеску, што предизвика сомневања за надворешно мешање во изборниот процес на земјата, која е цврста сојузник на Украина.
Во вториот круг на 8 декември, Ѓеорѓеску ќе се соочи со противничката од десниот центар, Елена Ласкони.
Во неделата во Романија се одржаа парламентарни избори, на кои поединечно води владејачката левичарска Социјалдемократска партија (ПСД), но екстремно десничарските партии освоија третина од местата во новиот законодавен дом.
Кој ќе ја формира владата на крајот ќе зависи од тоа, кој ќе победи во претседателската трка, бидејќи претседателот го избира премиерот од парламентарното мнозинство.