Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко изјави дека земјата ќе го зајакне својот воен потенцијал на запад и северозапад како одговор на пристапувањето на Финска во НАТО.
Грушко за руската новинска агенција РИА го коментираше претстојниот прием на Финска во НАТО и рече дека Москва ќе ги преземе неопходните чекори против тоа.
„Ќе го зајакнеме нашиот воен потенцијал во западен и северозападен правец. Доколку воените сили и возилата на другите членки на НАТО бидат распоредени во Финска, ќе преземеме дополнителни чекори и цврсто ќе ја обезбедиме воената безбедност на Русија“, рече Грушко.
Процесите на ратификација на пристапот на Финска во НАТО меѓу 30 земји членки се завршени со неодамнешното одобрение од Големото национално собрание на Република Туркије.
Финска поднесе барање за членство во НАТО во мај минатата година.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најави дека Финска утре ќе биде прогласена за 31. членка на организацијата и дека нејзиното знаме ќе се вее во седиштето на НАТО.