Русија денес соопшти дека одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) да распореди ескадрила Ф-16 на Блискиот Исток е прашање што бара „многу големо внимание“, јавува Анадолу.
„Ова е причина за нашето големо внимание. Се разбира, ние внимателно ја следиме ситуацијата во регионот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот со новинарите во Москва.
На прашањето дали американското распоредување може да се искористи за провокации против Москва, Песков рече дека досега немало провокации и дека тоа е тема што се однесува на руската војска.
Песков понатаму истакна дека ситуацијата во Газа е катастрофална, додавајќи дека може да се влоши во случај на копнена операција од страна на Израел.
Во вторникот Пентагон соопшти дека ескадрила борбени авиони Ф-16 пристигнала во регионот за „натамошно зајакнување на способноста на американските сили за одбрана“.