Русија: Повторно преземена контролата врз две населени места во Курск / Фото: AA

Русија во четвртокот тврдеше дека нејзините сили повторно ја презеле контролата врз две населени места во пограничниот регион Курск, каде што Украина започна упад пред шест месеци.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се тврди дека нивните сили ги зазеле селата Уланок и Черкаскаја Конопелка, кои се наоѓаат на околу 8 километри од руската граница со Украина.

Според Министерството, украинските сили започнале контраофанзива изутрината, но биле однапред откриени и цел на руски оган.

Украина не ги коментираше тврдењата на Русија, а независната проверка на тврдењата останува тешка поради тековната војна.

Упадот на Киев во областа Курск започна ноќта меѓу 5 и 6 август, кога украинските сили влегоа во близина на градот Суџа, на приближно 10 километри од границата.

Уланок и Черкаскаја Конопелка се наоѓаат на околу 11 и 6 километри југоисточно од Судџа, соодветно.

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди упадот како „провокација од големи размери“ и чин на „неселективно пукање“, карактеризирајќи го како „терористички напад“.

Како одговор, украинскиот претседател Владимир Зеленски подоцна потврди дека упадот имал за цел да создаде „тампон зона“ за заштита од прекугранични напади од Русија.

AA
Популарни