Во соопштението се додава дека се соборени 31 дрон на украинската армија / Фото: Reuters

Русија вчера објави дека ја презела контролата врз селото Чигари во Доњецк, а нејзините сили напредуваат во источниот регион.

„Единиците на Централната воена група ја ослободија населбата Чигари во Народна Република Доњецк и ги подобрија своите тактички позиции на фронтот“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се додава дека се соборени 31 дрон на украинската армија.

„Од почетокот на воената операција руските сили соборија 626 авиони, 277 хеликоптери, 27.314 беспилотни летала, 540 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 16.521 тенк и оклопни возила, 1.366 повеќецевни ракетни фрлачи, 11.516 хаубици и минофрлачи, како и 23.410 специјални воени возила на украинската армија“, се истакнува во соопштението.

AA
Популарни