Во понеделникот Русија ја казни платформата за пораки на социјалните мрежи Телеграм со седум милиони рубљи (околу 64.000 евра) затоа што дозволила пристап до одредени забранети содржини.
Локален суд во Москва го казни Телеграм откако го прогласи за виновен за кршење на рускиот закон со дозволување пристап до некои забранети содржини.
Претходно, неколку странски платформи за социјални медиуми, вклучувајќи ги Apple, Google, TikTok и Facebook, беа казнети поради слични причини.
Претходно, рускиот суд го казни Apple откако компанијата одби да отстрани два подкасти.
Во 2021 година, Фејсбук беше казнет и со 220.000 евра затоа што не ја бришеше содржината што Москва ја смета за нелегална.
AA