САД: Погубувањата во Иран показател на стравот од сопствениот народ / Photo: AA Archive

Вашинтон смета дека погубувањата во врска со демонстрациите во Иран се знак колку иранските челници се плашат од сопствениот народ. Гласноговорникот на американскиот Стејт Департмент Нед Прајс на прес-конференција ги коментираше погубувањата во Иран во врска со тамошните демонстрации.

„Најостро го осудуваме овој брутален чин“, нагласи Прајс.Тој рече дека јавното извршување на последното погубување во Иран е направено за да се заплаши јавноста.

„Овие објави се показател колку лидерите во Иран всушност се плашат од сопствениот народ“, рече Прајс.

Во врска со демонстрациите во Иран вчера е погубен Маџид Риза Рахневерд, кој е осуден на смрт под обвинение за „убиство на двајца припадници на милицијата (Бесик) и ранување на четири лица“ во градот Машхад.

Најмалку 11 лица се осудени на смрт во врска со демонстрациите кои почнаа по смртта на млада жена во иранскиот притвор и траат веќе три месеци. Меѓу нив е и 23-годишниот Мухсин Шикари, кој е погубен на 8 декември.

Реакциите на смртните казни во врска со демонстрациите растат во Иран, но и во странство, а и Обединетите нации го осудија погубувањето на Шикари.

AA
Популарни