Санчез: Европа да се подготви за целосен прекин на испораките на руски гас     Фото: АА

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека Европа мора да се подготви за целосно прекинување на испораките на руски гас.

„Никој не знае што ќе направи Русија, таа е авторитарна држава без јавна дискусија. Затоа се подготвуваме за најлошото сценарио“, рече Санчез во обраќањето пред шпанскиот Сенат пред кој зборуваше за плановите за справување со енергетската криза.

Тој посочи дека Шпанија веќе го зголемува увозот на енергија од различни земји, го поттикнува производството од обновливи извори и ја намалува потрошувачката, иако земјата е релативно малку зависна од рускиот гас.

„Ова не значи дека енергетската криза не влијае на нас и дека не може да се влоши со забавување на нашиот економски раст или принудувајќи нè да усвоиме повеќе мерки за заштеда на енергија“, рече Санчез.

Тој додаде дека Шпанија ќе направи сѐ за да им помогне на другите европски земји, доколку „рускиот претседател ги затвори вентилите на север“.

AA
Популарни