Си Ѓинпинг реализира посета на Саудиска Арабија во периодот од 7 до 9 декември, во чии рамки учествува на два самита на кои учествуваа Кина, арапските земји, како и земјите од Заливот.        Фото: АА

Саудиски и кинески компании потпишаа 34 договори за инвестиции во различни сектори.

Според веста на Саудиската државна новинска агенција СПА, договорите постигнати во рамки на посетата на кинескиот претседател Си Ѓинпинг на Саудиска Арабија, биле потпишани на состанокот на кој учествувале саудискиот министер за инвестиции, Халид бин Абдулазиз ел Фалих и претставниците на државните институции задолжени за овие сектори.

Се истакнува дека меѓу двете страни се потпишани договори во различни области, пред сѐ во зелената енергија, зелениот водород, фотоволтаичната соларна енергија, информатичката технологија, клауд услугите, транспортот, логистиката, медицинските индустрии, градежништвото.

Саудискиот министер за инвестиции, Фалих, имаше свое обраќање на настанот на кој рече дека Саудиска Арабија сака да ги развие односите со Кина во сите области, вклучувајќи ја и областа на економијата и инвестициите.

Тој нагласи дека неговата земја во рамки на визијата за 2030 година нуди инвестициски можности без преседан во различни области, како обновлива енергија, индустрија, комуникација, ИТ, биотехнологија, туризам и градежништво.

Стратешка доверба меѓу Кина и Саудиска Арабија.

Инаку, Си Ѓинпинг реализира посета на Саудиска Арабија во периодот од 7 до 9 декември, во чии рамки учествува на два самита на кои учествуваа Кина, арапските земји, како и земјите од Заливот.

Претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, истакна дека се создава стратешка доверба меѓу Кина и Саудиска Арабија.

Според веста на саудиската новинска агенција СПА, Си даде изјава за новинарите на Аеродромот „Крал Халид“ во саудискиот главен град Ријад каде што дојде по покана на саудискиот крал Салман бин Абдулазиз со цел да учествува на Самитот на кинеско-арапските земји.

Си нагласи дека дипломатските односи меѓу двете земји веќе 32 години продолжуваат во рамки на заемно разбирање и поддршка.

Според него, неговата земја и Саудиска Арабија се поврзани со доверливи, пријателски и стратешки односи.

„Се создава стратешка доверба меѓу Кина и Саудиска Арабија. Двете земји добија плодни резултати во сите сфери. Исто така, спроведоа силна координација во меѓународни и регионални прашања. Особено сакам да истакнам дека по стратешкото партнерство постигнато во 2016 година меѓу двете земји, јас и кралот Салман, овие односи кои постигнаа голем развој, ги водиме во корист на двата народа. Силно давам придонес во зајакнување на благосостојбата, стабилноста, мирот и развојот во регионот“, рече Си.

Кинескиот претседател истакна дека Кина и арапските земји за првпат се наоѓаат во Ријад за да одржат самит, и дека односите на Кина со арапските земји и со земјите од Заливот сака да ги доведе на ново ниво.

AA
Популарни