Цените на шеќерот во февруари и март пораснале за 61 отсто / Photo: ТРТ Балкан

Цените на шеќерот драстично пораснаа во земјите од Европската унија предизвикувајќи спирала на покажувања и сериозен пораст на други продукти. Податоците од Евростат покажуваат дека во некои од земјите од ЕУ цената е зголемена речиси двојно и дека шеќерот е еден од прехранбените производи чија цена расте во континуитет од август 2021 година.

За една година пораст од 61 отсто

Месечните податоци укажуваат на континуиран пораст на годишните стапки на промена почнувајќи од август 2021 година, достигнувајќи 61 отсто пораст во февруари и март 2023 година. Односно цените на шеќерот во ЕУ во тие два месеци биле, во просек, 61 отсто повисоки отколку во истите месеци на 2022 година.

Годишната стапка на промена за март 2022 година била речиси шест пати помала, 11 отсто, а разликата е уште позначајна две години наназад, во март 2021 година, кога стапката била 1,6 отсто.

Најголемо поскапување во Чешка

Највисоките зголемувања на цената на шеќерот во март годинава се забележани во Чешка- 98 отсто, Естонија-97 отсто, Полска-82 отсто, во Германија-72 отсто и во Латвија-70 отсто.

Во Ирска цената на шеќерот поскапела за 37 отсто, во Бугарија 36 отсто, Белгија 35 отсто, Луксембург 19 отсто и во Унгарија 17 отсто.

TRT Balkan / агенции
Популарни