Пет лица се здобиле со тешки повреди, а 55 се лесно повредени / Фото: Reuters Archive

Во пожарот во приватен центар за нега на стари лица во Аман денес животите ги загубија шест жители, а повредени се 60, јави јорданската официјална новинска агенција Петра.

Пожарот избувнал на првиот кат во центарот за нега за стари лица, во кој биле сместени 111 лица, соопшти агенцијата.

Пет лица се здобиле со тешки повреди, а 55 се лесно повредени, додава новинската агенција.

Агенцијата ја цитираше министерката за социјален развој, Бани Мустафа, која потврди дека сите евакуирани лица се безбедни.

Таа, исто така, рече дека во тек е истрага за да се утврдат причините за пожарот.

AA
Популарни