Meѓу загинатите се и тројца пожарникари / Photo: Reuters

Во шумските пожари во централна и северна Португалија загинаа седум лица, а 40 други се повредени, јавуваат медиумите.

Додека половина Европа брои жртви од поплавите, Португалија од викендот се бори со шумските пожари кои ги загрозија и станбените области.

Додека властите се обидуваа да ги евакуираат и заштитат жителите во многу градови кои беа под ризик, седум лица загинаа, вклучително и тројца пожарникари, а 40 лица беа повредени.

Повеќе од 100 општини беа ставени во максимална готовност до четврток.

Додека густите облаци од чад го прекриле португалското небо, властите пријавиле и некои случаи на подметнување пожари.

Полицијата уапси неколку осомничени, меѓу кои и две жени, за запалување на шумите во понеделникот, според изјавите објавени во вторникот.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во понеделникот рече дека Унијата ќе мобилизира осум противпожарни авиони за да и помогне на Португалија да ги контролира шумските пожари.


AA
Популарни