Нивото на мразот на антарктикот беше на рекордно ниско ниво минатиот месец, соопшти Светската метеоролошка организација (СМО). Тоа е причина за загриженост велат експертите за климатски промени.
Нивото на морскиот мраз на Антарктикот минатиот месец, најтоплиот јуни досега, беше најниско од почетокот на сателитското следење - 17 отсто под просекот.
„Навикнати сме да ги гледаме овие големи намалувања на морскиот мраз на Арктикот, но не и на Антарктикот. Тоа е големо намалување“, изјави Мајкл Спароу, шеф на Светската програма за истражување на климата.
Глобалните температури на морската површина во мај и јуни беа рекордно високи за тој период од годината, според СМО, кој предупреди дека затоплувањето на светските океани брзо се шири во длабочина.
Временски феномен Ел Нино
„Не само температурата на површината, туку и целиот океан станува се потопол и ја апсорбира енергијата што ќе остане таму стотици години“, предупреди СМО.
„Посебно силни се алармите поради незабележаните досега температури на површината на морето во Северниот Атлантик.
СМО очекува дека временскиот феномен Ел Нино, кој неодамна започна, ќе ги зголеми температурите и на копното и на океаните, што може да предизвика повеќе морски топлотни удари и екстремни температури.