Порастот на температурите во Европа два пати повисок од просекот     Фото: АА / Photo: AA

Светската метеоролошка организација (WMO) во најновиот извештај предупреди дека порастот на температурите во Европа е два пати поголем од глобалниот просек.


„Дека трендот на затоплување продолжува, исклучителните горештини, шумските пожари, поплавите и другите влијанија на климатските промени ќе влијаат на општеството, економијата и екосистемите, наведено е во заедничкиот извештај на Светската метеоролошка организација и службата на ЕУ за климатски промени Коперникус.

Во извештајот фокусот е ставен на порастот на температурите во 2021 година, заедно со копнените и морските топлотни бранови, екстремните временски прилики и повлекувањето на мразот и снегот.

„Температурите во Европа значително се зголемени во текот на периодот 1991-2021 година, со просечна стапка од околу плус 0,5 степени Целзиусови по деценија“, наведено е во извештајот.

Потсетија дека како резултат на порастот на температурите, алпските глечери изгубија 30 метри во дебелина на мразот од 1997 до 2021 година, додека ледениот покрив на Гренланд се топи и придонесува кон забрзување на подигнување на нивото на морето.

„Европа претставува жива слика на светот кој се загрева и нѐ потсетува дека дури ниту добро подготвените општества не се сигурни од влијанието на екстремните и временските промени“, рече генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Петери Талас.

Тој наведе дека оваа година, како и во 2021 година, големи делови на Европа се погодени од големи топлотни бранови и суша, што предизвика пожари.

TRT Balkan / агенции
Популарни