Европа ја доживеа втората најтопла зима од почетокот на мерењето од 1979 година, објави вчера Коперникус (Copernicus) програмата на Европската унија (ЕУ) за надзор на Земјата.
Коперникус, кој користи сателитски систем за следење, соопшти дека во деловите на источна и североисточна Европа забележани се температури значително повисоки во однос на нормалните вредности.
Поголемиот дел од Европа во февруари забележа температури над просекот нза период од 1991-2020, а се истакнуваат Норвешка, Шведска, подрачјето на Свалбард на Арктичкиот океан и регионите кои граничат со Црното море на северозападот на Русија.
Исто така, се наведува дека во Велика Британија е забележан „петти најтопол февруари од 1884 година“.
Од друга страна, во Туркије, на Пиринејскиот полуостров и на Кавказ температурите беа под просекот.
Во меѓувреме, количина на морскиот лед на Антарктикот е намалена на најниска точка во последните 45 години. Осма година по ред забележено е дека ледената покривка се топи побрзо од типичниот февруарски минимум.