Сто дена протести на азербејџанските еколошки активисти на патот Лачин / Photo: AA

Азербејџанските еколошки активисти денес стоти ден протестираат на патот што ги поврзува градовите Лачин и Ханкенди во регионот Карабах.

Активистите го започнаа својот протест заради експлоатацијата од Ерменија на природните ресурси во регионот на Карабах на 12 декември 2022 година и денес својот стоти ден на протести го започнаа со пеење на азербејџанската национална химна и патриотски песни, подоцна извикувајќи слогани.

На 11 декември Азербејџан прати дипломатска нота до Русија во врска со „незаконската експлоатација“ на природните ресурси во ослободениот регион Карабах бидејќи нејзините службеници беа спречени да влезат во областа еден ден претходно.

Во соопштението на азербејџанското Министерство за надворешни работи се вели дека се забележани незаконска експлоатација и грабеж на природни ресурси, особено во рудниците за злато Кизилбулаг и за бакар и молибден во Демирли.

Се додава дека се воделе преговори помеѓу двете страни и бил постигнат договор на 10 декември, но сепак официјални лица од Баку биле спречени да ја посетат областа.

Оттогаш Ерменија тврди дека патот Лачин го попречуваат азербејџанските екологисти, тврдење што Баку го негираше истакнувајќи дека возилата на Црвениот крст и рускиот мировен контингент стациониран во регионот без пречки го користеле патот на дневна основа.

Односите помеѓу двете поранешни советски републики Ерменија и Азербејџан се тензични од 1991 година, кога ерменската војска го окупираше Нагорно-Карабах, територија што меѓународно е признаена како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.

Есента 2020 година, во 44-дневните судири, Азербејџан ослободи неколку града, села и населби од ерменска окупација. Мировниот договор постигнат со посредство на Русија се слави како триумф во Азербејџан.

TRT Balkan / агенции
Популарни