Судан: Најмалку 20 цивили загинаа во оружен напад во Северен Дарфур / Photo: AA Archive

Најмалку 20 цивили загинаа во оружен напад во провинцијата Северен Дарфур, на западот на Судан.

Гувернерот Нимир Абдулрахман за агенцију Анадолу (АА) изјави дека вооружени напаѓачи на мотоцикли и теренски возила отвориле оган синоќа врз жителите на градот Кутум, западно од главниот град на областа Ал-Фашер.

Тој не даде повеќе детали за нападот, наведувајќи го како причина прекинот на телекомуникациските услуги во областа.

Гувернерот, сепак, не ја исклучи можноста дека нападот е поврзан со тековните судири во Судан меѓу војската и паравоените сили за брза поддршка (РСФ).

Најмалку 863 цивили се убиени, а илјадници се повредени во судирите меѓу двата воени ривала од 15 април.

TRT Balkan / агенции
Популарни