Сѐ уште постои загриженост за можен конфликт меѓу поддржувачите на Јун и органите на редот кои мора да го уапсат најдоцна до понеделник / Photo: Reuters

Инспекторите денеска не успеаја да го извршат налогот за апсење на отповикуваниот јужнокорејски претседател Јун Сук- Јеол додека илјадници луѓе се собраа пред неговата резиденција за да го спречат неговото апсење.

Полицијата денеска насилно растера триесетина приврзаници на Јун откако ја пробија полициската бариера за да протестираат пред влезот на претседателската резиденција.

Јун им рече на своите поддржувачи во средата, кои се собраа пред резиденцијата, „дека ќе се бори до крај“ за да ја заштити земјата.

Канцеларијата за истрага на корупцијата кај високи функционери (ЦИО) доби налог за апсење за Јун во вторникот под обвинение за бунт и злоупотреба на власта, откако тој воведе краткотрајна воена состојба на 3 декември.

Валидноста на налогот за апсење истекува во понеделник, што доведе до

шпекулации дека ЦИО би можел да се обиде да го приведе Јун уште во петок, објави Јонхап.

Агенцијата вели дека се уште постои загриженост за можен конфликт меѓу поддржувачите на Јун и органите на редот.

ЦИО доби налог за апсење на Јун, откако тој ги игнорираше сите три покани да се појави на сослушување како дел од заедничката истрага на ЦИО со истражните единици на полицијата и Министерството за одбрана за воведувањето на воена состојба на 3 декември.

TRT Balkan / агенции
Популарни