2 милијарди луѓе се соочени со катастрофални или услови за осиромашување поради здравствените трошоци     Фото: Reuters

Речиси една третина од светското население не е во можност да пристапи до основни здравствени услуги. Исто така околу 2 милијарди луѓе се соочени со катастрофални или услови за осиромашување поради здравствените трошоци. Ова е особено изразено за најранливите групи и тие кои се најмногу погодени од нееднаквоста.

Ова се само дел од глобалните предизвиците со здравствената заштита, кои се адресираат преку кампањи за подигнување на свеста на 7 април на светскиот ден на здравјето. Годинава, Светската здравствена организација (СЗО) ја води кампањата „Здравје за сите“.

На 7 април 1948 година е основана СЗО и токму овој ден е повод за одбележување на напредокот со здравствената заштита. Исто така СЗО одбележува јубилеј од 75 години постоење, со свои успеси но, и грешки. Особено критики имаше за периодот на пандемијата со Ковид-19 и нееднаквата распределба на вакцините.

Според податоците на СЗО само 24% од населението во земјите со ниски приходи се вакцинирало во споредба со покриеноста со вакцини против Ковид-19 72% во земјите со високи приходи.

Кои се главните предизвици?

Здравствената заштита треба да биде универзална и гарантирана и да се обезбеди преку примарното здравство со што ќе се заштедат средства како во буџетите така и за самите корисници на здравствени услуги.

Сепак, според проценките на СЗО околу 1 милијарда луѓе се соочуваат со непокриени здравствени трошоци, кои може да изнесуваат и над 10% од нивниот семеен буџет, што неминовно води кон сиромаштија.

Затоа со дополнителни инвестиции во примарната здравствена заштита (ПЗЗ) може годишно да се спречат 60 милиони смртни случаи и до 2030 година просечниот животен век може да се зголеми за 3.7 години.

Постигнувањето на целите за ПЗЗ бара дополнителна инвестиција од околу 200 до 370 милијарди американски долари годишно за посеопфатен пакет здравствени услуги, проценува СЗО.

СЗО препорачува секоја земја да распредели или прераспредели дополнителен 1% од БДП за ПЗЗ од владини и надворешни извори на финансирање, а земјите членки вакви обврски преземаа во 2019 година.

Исто така неопходно е инвестирање и во образованието за здравствен кадар и поголема вклученост.

Помеѓу 2023-2030 година се предвидува недостиг од 10 милиони здравствени работници ширум светот. Покрај инвестиции во образованието, неопходно е и отворање на нови работни места за здравствениот сектор.

TRT Balkan / агенции
Популарни