Терористичката организација ПКК продолжува со своите активности во Европа / Photo: AA

Поддржувачите на терористичката организација ПКК изминатиот викенд одржаа протести во големите европски градови, а властите на Република Туркије со години предупредуваа дека станува збор за терористичка организација која е одговорна за смртта на десетици илјади луѓе и дека, исто така, се занимава со шверц на дрога и луѓе.На 23 декември, 69-годишен напаѓач отвори оган во културен центар во Париз, при што уби три лица. Француските државни медиуми објавија дека напаѓачот бил пензионираниот механичар Вилијам М., кој бил ентузијаст за оружје и со криминално досие.

Собирот за кратко време прерасна во протест, а приврзаниците на ПКК се судрија со полицијата, при што во нередите беа повредени најмалку 20 полицајци.

Еден ден по нападот, приврзаниците на ПКК ги проширија своите насилни дејствија во други европски земји, а судири со полицијата имаше и во Лондон. Групата се собра пред Француската амбасада во Лондон и извикуваше слогани против Туркије и Франција поради оружениот напад во Париз.

Говорејќи пред новинарите во неделата во врска со насилството кое го предизвикаа поддржувачите на терористичката организација ПКК, портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партија), Омер Челик, рече дека развојот изгледа укажува дека заштитата на терористичките организации во Европа на крајот ќе предизвика големи проблеми за самата Европа.

ПКК е терористичка организација која е наведена на листата на терористички организации од Туркије, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Таа е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК и е присутна и на тлото на Европа.

Акции на вандализам на ПКК во Европа

Неколку европски земји поднесоа жалби до Европол, европската полициска служба, дека поддржувачите на ПКК се вмешани во сериозни злосторства низ целиот континент.

Во Германија, поддржувачите на ПКК нападнаа џамии и пазари посетени од турската заедница, додека Европол забележа слични акции во Белгија и Швајцарија во 2020 година.

Минатиот викенд, илјадници поддржувачи на ПКК во Париз носеа транспаренти на Абдула Оџалан, водачот на терористичката организација, извикувајќи афирмативни слогани. Тие се судрија со полицијата и предизвикаа штети на згради и возила.

Во Лондон приврзаниците на терористичката организација маршираа кон Турската амбасада.

Тие го попречуваа сообраќајот, а дојде до тепачка меѓу полицијата и приврзаниците на ПКК откако толпата фрлаше камења кон зградата на Амбасадата.

Активности на регрутирање милитанти на ПКК во Европа

Извештаите на Европол за 2020 и 2021 година ја опишуваат ПКК како „етнонационалистичка“ и „сепаратистичка“ терористичка организација и наведуваат дека терористичката организација продолжува со своите незаконски активности како што се ширење пропаганда, регрутирање милитанти и собирање средства во европските земји.


Во Извештајот за состојбата и трендовите на тероризмот во ЕУ се наведува дека ПКК има воспоставено посреднички структури во европските земји за да најде логистичка и финансиска поддршка за терористичките активности во Туркије и соседните земји. Овие структури главно функционираат тајно под маската на курдските здруженија.

Во извештајот се наведува дека некои државјани на ЕУ, регрутирани од ПКК, исто така, учествувале во терористички активности во Ирак и Сирија.

На парламентарната седница во Германија на 25 ноември, а на прашање на опозициската партија Алтернатива за Германија (АфД), претставниците на владејачката коалиција рекоа дека терористичката организација ПКК-ЈПГ регрутирала речиси 300 лица од Германија за поддршка на терористичките активности во Сирија и Ирак.

Во соопштението се вели дека околу 300 луѓе заминале во Сирија и Ирак од Германија за да се приклучат на ПКК од 2013 година, покажуваат податоците на германската разузнавачка служба, а половина од нив се вратиле во Германија.

Собирање средства за терористичка организација

Истакнувајќи дека терористите на ПКК продолжуваат да ја користат Европа преку легални и нелегални средства, Европол наведе дека активностите на терористичката организација вклучуваат изнуда и други активности на организиран криминал, како и кампањи за собирање средства.

Томас Халденванг, шефот на германската внатрешна разузнавачка служба, односно на Организацијата за заштита на Уставот во Германија, призна дека неговата земја се претворила во платформа за активностите на ПКК за собирање средства и симпатизери.

„ПКК организира различни кампањи за собирање средства во Германија и ги користи овие пари за финансирање терористички напади во Туркије“, рече Халденванг во јуни оваа година.

Халденванг изјави дека терористичката организација ПКК регрутирала млади луѓе за извршување терористички активности во Туркије, Сирија и Ирак, користејќи различни здруженија во Германија.

„ПКК и понатаму е меѓународна терористичка организација, која продолжува да врши насилни напади и убиства во регионот“, предупреди Халденванг.

Според годишниот безбедносен извештај објавен минатата недела од германската разузнавачка служба, ПКК се издвојува како најголемата странска екстремистичка организација во земјата, со околу 14.500 члена.

Според извештајот, ПКК собрала приближно 16,7 милиони евра во Германија и повеќе од 30 милиони евра во Европа во 2021 година преку своите донаторски кампањи.

Мрежата за криумчарење дрога на ПКК на европскиот континент им е позната и на безбедносните и на разузнавачките служби.

Криумчарење

Според податоците кои минатиот месец ги објави министерот за внатрешни работи на Туркије, Сулејман Сојлу, терористичката организација ПКК контролира 80 отсто од трговијата со дрога во Европа, генерирајќи повеќе од 1,5 милијарди долари годишен приход.

ПКК ги користи овие средства за повеќедецениски терористички активности насочени против Туркије.

AA
Популарни