Во последните денови интернетот беше преполн со шпекулации дека брзото топење на глечерите го предизвикаа неодамнешниот потоп во Пакистан.
Една третина од државата во Јужна Азија или повеќе од 220 милиони луѓе се под вода откако беа потопени стoтици села и градови, раселувајќи милиони жители и предизвикувајќи над 1.200 жртви.
Спротивно на теоријата за топењето на глечерите, пустошот е предизвикан од долготрајните монсунски дождови, кои се случуваат секоја година во регионот на потконтинентот што ја опфаќа Индија, велат експертите.
Сепак, обемот на врнежи оваа година беше нешто што луѓето не го виделе цел живот, што предизвикува загриженост за влошувањето на влијанието на климатската криза.
„Овие поплави беа главно резултат на дождови од југ“, вели д-р Шафкат Мунир, научен соработник во Институтот за политики за одржлив развој, тинк-тенк со седиште во Исламабад.
„Да бидам многу јасен, глечерите немаа никаква врска со неодамнешните поплави“, изјави Мунир.
Утврдувањето на точната причина за невидените поплави е приоритет бидејќи Исламабад и меѓународната заедница се фокусираат на подготовка на план за вонредна состојба за борба против ваква природна катастрофа во иднина.
Бомбастичните наслови како „Топењето на глечерите во Пакистан ги предизвикаа и влошија поплавите“ може да ги поткопаат таквите напори и потребни се инвестиции за справување со беснеењето на климатските промени.
Утврдувањето на точната причина за невидените поплави е од најголема важност бидејќи Исламабад и меѓународната заедница се фокусираат на подготовка на план за вонредна состојба за борба против таква природна катастрофа во иднина.
Пакистан придонесува со помалку од 1 процент во глобалните емисии на стакленички гасови. Сепак, експертите за животна средина го вбројуваат меѓу најранливите на последиците од зголемувањето на нивото на морето и брзото менување на временските обрасци.
Заканата од глечерното езеро сè уште е реална
На големо неверување на жителите во Сват и Гилгит-Балтистан, туристичките центри на северот на Пакистан, речните притоки се прелеаа, влечејќи камења со човечка големина по ридовите, поплавувајќи ги пазарите и домовите.
„Она што се случи во Сват и Гилгит беше „метеоролошка бомба“. Ако поплавите беа предизвикани од топење на глечерите, тогаш браните низводно ќе се наполнеа со вода. Тоа не се случи“, вели Мунир.
Браната Мангла изградена на реката Џелум, која собира вода од топењето на снеговите на планинските венци Каракорум и Хималаите, сè уште не е целосно исполнета, вели тој.
Но, видеа споделени на социјалните мрежи на кои се гледа како мостови се однесени од калливи поплави покрена дебата за илјадниците глечери во планинскиот дел на северот на Пакистан. Стравот од повеќе градови и места низводно да бидат поплавени од топењето на глечерите станува опиплив.
Со над 7.000 глечери Пакистан е познат како „третиот пол“ поседувајќи најголем број на подвижни снежни планини вон поларните појаси на Антарктикот и Арктикот.
Растот на температурите предизвикува глечерите да се топат и излевањето создава глечерни езера кои може да се распрснат било кога и да предизвикаат блиц поплави во градовите кои се раширени низ подножјата.
Феноменот познат како Поплава од излив на глечерното езеро (ГЛОФ) го погоди округот Хунза во мај оваа година кога топлотен бран ја зафати целата земја.
„Ваквите поројни поплави предизвикуваат широко распространето уништување за заедниците во долините“, вели д-р Парваиз Наим, екологист од Исламабад.
„Сепак, ваквите поплави досега беа од локално значење само поради релативно малите количини вода“, изјави тој.
Поројните поплави во мај беа резултат на излевањето на глацијалното езеро Шиспер, кое е со големина помала од половина квадратен километар. Испушти веројатно околу 50 милиони кубни метри вода.
Но, тоа беше доволно за да однесе голем мост на автопатот Каракорум, да потопи хидроцентрала и да предизвика уништување на многу домови, вели Наим.
Глечерите се топат и се движат постојано, предизвикувајќи езерата да се формираат и, понекогаш, силно да се излеат. Во Пакистан, следењето на ефектите од климатските промени врз глечерите е релативно нов феномен, вели Наим.
Водните власти го следат топењето на глечерите со помош на телеметриски станици, но тоа прават за да го регулираат протокот на вода на хидроенергетските брани.
Сепак, „достапните докази сугерираат дека формирањето на леднички езера веројатно се зголемило во последниве години. Ова го зголемува ризикот од поплави за околните населби“, вели тој.
Оваа година беше особено предизвикувачка за Пакистанците кога станува збор за справување со временските промени. „Монсунот-чудовиште“ од јули-август следеше по интензивениот топлотен бран во мај.
Во јужната провинција Синд, луѓето се уште се блокирани во селата и полињата поплавени од поплавите. Спасувачките екипи се борат да стигнат до нив.
„Најмногу што загрижува е тајмингот на годишното летно топење на глечерите. Ако пикот на топењето на глечерите се совпадне со пикот на монсунските врнежи, тогаш ќе ни треба многу повеќе отколку само уште неколку чамци!“ вели Наим.
Саад Хасан