Земјите од ЕУ се обврзаа да ја рационализираат употребата на гас     ФОТО: АА

Европските лидери најавија дека санкциите кон Русија ќе бидат продолжени до јануари 2023 година поради инвазијата во Украина. Русија пак најави дека ќе ја редуцира испораката на гас кон Европа особено преку гасоводот Северен тек 1 поврзан со Германија.

За да се заштитат од недостаток на гас членките на Европска унија се обврзаа оваа зима да ја рационализираат употребата на природниот гас. Министрите за енергетика поставија цел за намалување на потрошувачката на гас од 15 проценти до март следната година, споредено со просечната потрошувачка во последните пет години.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен овој потег го нарече „одлучувачки чекор” за да се спречи целосен прекин на снабдувањето. Целосниот прекин европските земји би го сметале за уцена од Кремљ.

Предлогот за координирана рационализирана потрошувачка брзо беше усвоен во ЕУ, но без обврска земјите членки да го почитуваат. Планот го одобрија сите земји освен Унгарија.

Зошто сега би се вклучиле државите кои покажаа како треба да се штеди во време не должничката криза?

Германија која во голема мера зависи од рускиот гас преку гасоводот Северен тек, оваа зима ќе се соочи со недостиг заедно со некои земји од Источна Европа.

Но критичарите веќе истакнаа дека за време на кризата од 2010 до 2012 година Германија не беше благонаклонета кон земјите од Јужна Европа терајќи ги нивните Влади да спроведат мерки за штедење и намалување на јавната потрошувачка со огромни последици по нивната економија.

Германија од друга страна донесе политичка одлука за евтино и стабилно снабдување со руски гас. Пред да започне војната во Украина изгради уште еден гасовод, Северен тек 2, поврзувајќи го директно со Русија без да минува низ Украина. Во февруари запре работата на гасоводот.

Шпанската министерка за екологија Тереза Ривера Родригез се спротивстави на планот за рационализација во отворено писмо до Европската Комисија минатата недела.

„Солидарноста мора да биде основа на одговорот на ЕУ за да се обезбеди сигурност во снабдувањето со гас. Но одговорот не може да се потпира на наметнување на неправедност. За разлика од останатите држави, ние Шпанците живеевме во рамки на нашите можности од енергетска перспектива”, изјави таа.

Може ли планот да функционира без да биде обврзувачки?

Поради противењата, договорот првично не ја исполни целта за намалена потрошувачка од 15 проценти. Аналитичарите сметаат дека иако договорот беше позитивен исчекор, сепак неговите шанси за успех се мали.

Од овој договор исклучок се островските земји Ирска, администрацијата на кипарските Грци и Малта кои не се поврзани со гасоводите на ЕУ и поради тоа не можат да бараат алтернативно снабдување. Балтичките држави кои не се приклучени на електроенергетскиот систем на ЕУ и кои во голема мера се потпираат на гас за струја исто така не се дел од договорот. Исто така, тука не се вклучени и државите кои повеќе од договореното ќе складираат гас во нивните резерви.

Може ли ЕУ да победи во гасната војна со Русија?

Договорот за снабдување е обид Европа да покаже решителност дека делува едногласно. Но критичарите сметаат дека единството не е на потребното ниво и дека тоа сепак ќе го искористи Русија.

Според Европската енергетска асоцијација, поради зголемување на цената на гасот приходот на Русија само од Европа пораснал за два пати во однос на просекот во последните неколку години, достигнувајќи 95 милијарди долари. Дополнителниот приход би и овозможил на Русија потполно да ја запре испораката за Европа или сериозно да ја ограничи и да создаде сериозен притисок.

Моменталното во европските резерви на гас се со 67 проценти исполнетост. Само три држави имаат исполнетост над 80 проценти, Полска Данска и Шведска.

Како дел од пакетот санкции кон Русија, Европската унија стави ембарго на увозот на руска нафта и јаглен почнувајќи од оваа година. Исто така целта на ЕУ е целосно да стане независна од рускиот природен гас.

Но во последниот пакет санкции минатата недела беше отстранета забраната за трансакции меѓу руски државни и европски компании, особено за осигурителните компании преку кои се одвива продажбата на руска нафта до трети земји.

Покрај тоа Канада минатата недела одлучи да ја врати турбината од Гаспром од гасоводот Северен тек 1 која ја одржуваше и покрај забраната за помош кон Русија.

Во меѓувреме цената на гасот продолжува да расте истовремено поттикнувајќи ја галопирачката инфлација во целиот свет.

TRT World
Популарни