Трошоците за увоз на храна ќе се зголемат за речиси 3% во 2022 година     Фото: АА

Вредноста на увозот на храната во 2022 година ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари поради повисоките цени, кои на земјоделците не им ги надоместуваат трошоците, предвидуваат од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Во однос на минатата година вредноста на увозот ќе порасне за 2,9 отсто, односно за 51 милијарда долари, а дури 49 милијарди од тој износ отпаѓа на повисоки цени на храната, истакнуваат од ФАО.

„Со оглед на наглиот раст на цените на инпутите, загриженоста за временските прилики и зајакнувањето на неизвесноста на пазарот поради војната во Украина, најновата прогноза на ФАО сигнализира веројатно ограничување на понудата на пазарот на храната и нова рекордна вредност на трошоците за увоз“, објасни економистот на ФАО, Упали Галкети Артачилај.

Високите цени обично се добра вест за произведувачите бидејќи донесуваат поголема заработувачка, но неа во актуелниот случај ја надминуваат се поголемите трошоци на инпутите поради поскапувањето на енергијата и ограничувањето на извозот на клучните ѓубрива од големите произведувачи, предупредува ФАО.

Доколку ова потрае, таквата ситуација ќе го доведе во прашање брзото и ефикасно зголемување на производството.

„Наглиот раст на цените на инпутите го отвора прашањето можат ли да земјоделците ширум светот тоа да си го дозволат“, објаснува Џозеф Шмидхубер од Одделот на ФАО за пазари и трговија.

Индексот на ФАО на цените на инпутите достигна највисоко ниво во историјата, а во изминатите 12 месеци растеше побрзо од индексот на цената на храната.

Тоа покажува дека реалните цени за земјоделците се всушност ниски, и покрај тоа што потрошувачите плаќаат поскапо, што ги намалува поттикнувањата за зголемување на производство во иднина, објаснува ФАО.

Актуелната ситуација не укажува дека ќе има производство кое би можело да го сопре понатамошниот раст на цената на храната во сезоната 2022/2023, но и потоа, заклучува ФАО.

TRT Balkan / агенции
Популарни