ОН прават сѐ што е можно за договорот за извоз на жито од Украина / Photo: AA

Мартина Грифитс, координаторот на Обединетите нации (ОН) за итна помош, рече дека ОН прават сѐ што е можно за договорот за извот на жито од Украина.

„ОН под водство на нашиот генерален секретар Антонио Гутереш прават сѐ што е можно да обезбедат дека Иницијативата за црноморското жито да може да продолжи“, рече Мартин Грифитс на брифингот на Советот за безбедност на ОН.

Тој додаде дека продолжуваат одблиск уда соработуваат со сите страни.

Во јули минатата година, Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на житото од трите украински црноморски пристаништа, кој беше запрен по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година. Благодарејќи на турските напори, договорот за жито е продолжен за уште 120 дена, почнувајќи од 19 ноември, а истекува во сабота.

TRT Balkan / агенции
Популарни