Туркије го осуди нападот врз нејзиниот генерален конзулат во Мосул, Ирак и порача дека терористите ќе бидат казнети.
„Најостро го осудуваме овој напад, во кој нема информации за жртви и очекуваме одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата што е можно поскоро“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Министерството за национална одбрана на Туркије порача дека терористите кои го извршија нападот во средата ќе положат сметка.
„Со овој напад уште еднаш се виде кој напаѓа цивили и цивилни цели. Терористите кои го извршија нападот, исто така, ќе положат сметка“, се вели во соопштението од Министерството.
Министерството за одбрана на Туркије истакна дека „го осудува кукавичкиот напад на конзулатот во Мосул.“
„Со овој напад уште еднаш се виде кој напаѓа цивили и цивилни цели. Порано или подоцна, терористите кои го извршија нападот ќе положат сметка како и другите терористи. Подготвени сме да соработуваме со нашите ирачки браќа во борбата против тероризмот и безбедноста на границите. На терористите ќе им вратиме за поставените стапици и ќе ги закопаме во рововите што ги ископаа со намера регионот да прокрвави“, објави Министерството за одбрана на Туркије во врска со нападот.