Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ по деветти пат ја задржа титулата најдобра авиокомпанија во Европа.Наградата вчера ја додели агенцијата за рангирање на воздушниот сообраќај Skytrax.
Туркиш ерлајнс доби и награди за најдобар кетеринг во бизнис класа и најдобра авиокомпанија во Јужна Европа на „World Airline Awards 2024“.
Наградите познати како „Оскари на воздушната индустрија“ беа објавени на церемонија во Лондон.
„Овие награди го истакнуваат исклучителниот квалитет на услугите на авиокомпанијата низ нејзината широка мрежа, нагласувајќи ја посветеноста на авиокомпанијата да им обезбеди на патниците непречено и удобно патување“, се вели во соопштението на Туркиш ерлајнс.
На доделувањето на наградите Катар ервејс беше прогласен за најдобра авиокомпанија во светот за 2024 година.
Singapore Airlines се најде на второто место во светот оваа година, Emirates на третото место, ANA All Nippon Airways на четвртото и Cathay Pacific на петтото место, од повеќе од 350 авиокомпании.