Турските безбедносни сили неутрализираа 12 терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана.
Терористите беа цел на воздушна операција во регионите Гара и Хакурк, соопшти Министерството преку Х, и додаде: „Ќе продолжиме со континуирани операции додека не го истребиме и последниот терорист во регионот“.
ПКК е позната по тоа што го користи северен Ирак, во близина на турската граница, како засолниште за планирање терористички напади врз Туркије.
Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
AA