Попладнето на 25 август 2008 година Махам Аџад, која тогаш имала 15 години, се уште билa во кревет, закрепнувајќи од скршен прст играјќи кошарка во училиште. Таа се уште живописно го памети тој ден. Фиксниот телефон заѕвонел и Махам, најмалата од трите деца, истрчала да крене слушалка пред другите.
„Амџад сахаб е застралан“, некој изговорил од другата страна на слушалката, посочувајќи дека Ахмеџ Амџад, службеник во државната осигурителна компанија на Пакистан е застрелан на 43 годишна возраст.
„Многу не се сеќавам што се случуваше потоа. Колегите и пријателите на татко ми почнаа да доаѓаат кај нас дома“, вели Махам потсетувајќи на низата настани кои ќе го променат нејзиниот живот.
„Целиот наш свет се вртеше околу татко ми. Мајка ми и постарите сестри истрачаа во болницата“, вели Таа.
Кога конечно ја одвеле во болница, по многу солзи и молби, таа одбила да поверува дека човечкот кој лежи на болнички кревет со десет прострелни рани и е во кома е нејзиниот татко.
„Едното oко му беше помодрено. Телото му беше потечено. Врескав дека не е возможно да е мојот татко. Се молев за него, кој тоа утро отиде на работа и никогаш повеќе не се врати“.
Амџад по четири дена подлегнал на повредите.
За осомничениот напаѓач Мухамад Таќи Шах се тврдело дека е незадоволен вработен од истата осигурителна компанија. Тој наводно излегол од зградата со оружјето во рака со кое го извршил убиството и никој не го сопрел иако во канцелиите секој ден се движат стотици луѓе.
Полицијата поднела пријава против Шах кој се дал во бегство. Една година судот го прогласил за бегалец, а тој исчезнал без да остави трага.
Надминување на стравот
Убиството на регионален директор на осигурителниот гигант вреден неколку милијарди долари не било „мал случај“. Сепак, како што се сеќава Махам, се чинело дека сите околу нејзиниот татко брзале да го закопаат и да продолжат понатаму.
„Кога татко ми беше жив, немавме никакви финансиски тешкотии. Тој беше задолжен за намирници, сметки и се грижеше за сите наши потреби. Но, по него, како сè да излезе од контрола“.
Махам сега има 28 години, работи како маркетинг консултант и има склоност кон уметноста.
Со текот на годините биле одземени службените автомобил и стан. Постариот брат на Махам студирал во Лондон. Нивната мајка која била домаќинка и доживотно истрауматизирана, го натерала да ја напушти земјата веднаш по погребот.
„Немав ниту еден роднина, мојот брат беше единствениот преостанат маж во нашето семејство. Не можевме да си дозволиме да го изгубиме и него“, вели таа.
Образованието, статусот и општествениот круг не менувале ништо бидејќи Махам, нејзината мајка и сестра трпеле заплашувања, закани, потсмев и несакани пристапи низ годините.
Неколку месеци по убиството на Амџад, на Махам некој и испратил е-мејл со слики од крвавто тело на нејзиниот татко.
Полицијата покренала случај против обвинетиот, но ништо повеќе.
Семејството на Махам се преселило 1.200 километри во друг град, Лахоре.
„Тоа беше целосен културен шок. Никогаш не се вклопив. Сите мои пријатели беа во Карачи. Тоа беше мизерно“.
Но, животот продолжил и таа успеала да се справи со својата ситуација заедно со копнежот по нејзиниот татко и желбата да го види неговиот убиец изведен пред лицето на правдата, секој ден се поизразено.
Потрагата
Еден стар познат ТВ џингл им е познат на речиси сите Пакистанци. Со него се собрани милијарди рупии за осигурителни премии, во кој се споменуваат дете и татко кој има животно осигурување за мирен и просперитетен живот.
Кампањата, лансирана пред 50 години, е една од најдолгите во историјата на земјата, но за Махам станала вистински кошмар.
„Секогаш кога ќе ја виде почнував да плачам. Ме измачуваше. Песничката му ја пеев на татко ми. Не ми се верува како може компанија која ветува таква заштита да не преземе ништо за семејството на сопствниот убиен вработен“.
Махам пораснала, но постојано во главата и се вртеле прашањата за тоа што навистина се случило и како да дојде до правдата. Поминала часови и часови на интернет пребарувајќи го Шах, обвинетиот за убиството на татко и.
„Дури и ако го најдев на некој веб сајт не знаев како да го поврзам со злостороството врз татко ми“.
Пред пет години се преселува во Дубаи за да се фокусира на нејзината кариера во маркетинг и исто така да навлезе во бизнисот со недвижности.
„Никогаш не се откажав од потрагата по него“.
За да се справи со нејзината загуба и да ја надмине траумата од детството Махам има нацртано слика од нејзе заедно со татко и семејството, облечена како невеста, а тој ја испраќа до олтарот.
Потоа, еден ден во 2020 година, за време на екот на пандемијата, додека вршела рутински интернет пребарувања, Махам наишла на Линкедин профил со име Таќи Шах. Од сите можни места во светот, тој живел токму во Дубаи.
„Кога барате работа отворате профил на Линкедин. Тоа што ми го задржа вниманието е што беше спомената осигурителната компанија и неговото работно искуство, а годините кои тој ги поминал работејќи таму се поклопуваа со настаните кои се поврзани со мојот татко“.
На неколку колеги на нејзиниот татко им и испратила слики од објавите и тие и потврдиле дека тоа е тој.
Веднаш на ја обзело возбуда или пак, олеснување, бидејќи знаела каков е системот и дека мора да биде трпелива, особено што од случајот поминале веќе речиси 15 години.
Во следните месеци таа почнала систематски да собира докази, распрашувајќи се кај поранешни вработени кои го познавале татко и собрала документи кои нејзиното семејство никогаш претходно не ги видело. Најмила и адвокат во Пакистан за да го обезбеди полицискиот извештај од убиството за нејзиниот случај.
Свесна дека ОАЕ нема да уапси никого за злосторство извршено во друга држава пред многу години, таа продолжила да ги следи онлајн активностите на Шах. Открила дека многу вработени, дел од нив кои биле и на погребот на татко и, се всушност пријатели со Шах на Фејсбук.
Постепено, Махам, открила докази кои ја навеле да поверува дека државната компанија намерно се обидела да ја поткопа истрагата за убиството.
На пример, на семејството на Амџад му било кажано дека компанијата ги надгледува истражните постапки за кривични дела на Шах, дури и дека се осигурале неговото име ќе биде ставено на листата за забрана за летање. Но, тоа никогаш не се случило.
Еден месец пред да биде убиен татко и поднел официјална претставка до високото раководство за тоа дека во една прилика Шах се обидел да се забие со возило во неговиот автомобил. Махам продолжила да врши притисок врз компанијата дали покренала внатрешна истрага за поведението на Шах.
Таа исто така дознала дека сопругата и синот на Шах биле вработените од компанијата додека тој бил во бегство.
Портпаролот на Државната осигурителна компании во одговор на прашањата на ТРТ Ворлд потврди дека сопругата и синот на Шах работеле за компанијата како „продажни агенти на процент“ од 2004 година и дека „подоцна нивниот договор е раскинат“.
Тој посочи и дека тогашното раководство знаело за постоечките закани на Шах кон Амџад и за инцидентот со автомобилот. Истрагата се уште траела во моментот кога Амџад бил застрелан.
„Државната компанија за животно осигурување дава целосна поддршка и продолжува да соработува со надлежните власти за да се осигура дека обвинетите ќе бидат изведени пред лицето на правдата“.
Махам дошла до заклучок дека Амјад се обидел да се справи со корупцијата во државната компанија и дека во тој процес испровоцирал луѓе кои имале корист од мито и незаконските провизии.
Во октомври 2022 година својата приказна ја сподели на Твитер и ги наведе сите за кои верува дека биле соучесници во убиството или неговото прикривање, меѓу кои Шах, неговиот поранешен шеф, самата компанија и членовите на управниот одбор. Нејзините адвокати доставија докази до судот за локацијата на Шах и успеаја да издејствуваат наредба за негово апсење.
Но, Шах сè уште живеел во Дубаи како слободен човек. Големи биле шансите уште еднаш да се обиде да побегне.
„Направив многу пресметан чекор и му дозволив да мисли дека сум само слаба девојка која не може да направи ништо“. Махам почна да ја споделува сликата на Шах под наслов „баран“.
Наместо да се брани со алиби или каков било доказ, Шах прибегна кон атентат на ликот, обвинувајќи го Махам дека е „лоша жена“ за да ја наруши неговата репутација.
Во видеото кое наводно е снимено во џамија, внимавајќи да ја покаже позадината, тој го обвини Амџад дека е „тиранин“. А потоа и се заканувал дека ќе ја убие на друго видео. Заканата конечно му даде причина на Махам да и се обрати на полицијата во Дубаи.
Таа поднесе кривична пријава против Шах,a полицијата во Дубаи го уапси во февруари и toj останува во притвор. „Тие ме замолија да влезам за идентификација, но јас не сакав да го видам неговото лице“.
Во исто време, со натрупување на притисок врз официјалните лица - видеото на Махам за нејзиното тешко искушение е ретвитувано повеќе од 5.000 пати властите во Пакистан му пристапија на Интерпол за да издадат известување за црвенa потерница - еден вид меѓународна потерница - сега кога локацијата на Шах беше позната.
„По смртта на татко ми, мајка ми падна во депресија и никогаш не излезе од неа. Таа остана вдовица, а нејзините деца мораа да се грижат за неа како да е наше дете. Ништо од тоа не беше лесно. Сега сакам Шах да биде вратен и сакам правда“, вели Махам.