Ученици во Венецуела се обучуваат како да се заштитат при престрелка

Ученици во Венецуела се обучуваат како да се заштитат при престрелка

Неодамна во близина на училиште се случи оружен судир помеѓу банди, поради што наставата беше запрена.
Децата во основно училиште во еден од сиромашните квартови во главниот град на Венецуела, Каракас се фрлаат на подот, ги покриваат главите со рацете и ползат до ѕидот до одреден „безбеден простор“. / Photo: Reuters

Децата во основно училиште во еден од сиромашните квартови во главниот град на Венецуела, Каракас се фрлаат на подот, ги покриваат главите со рацете и ползат до ѕидот до одреден „безбеден простор“.

Иако секојдневно се опкружени со можност да настрадаат во вооружена престрелка поради големиот број банди, сепак дента кога се случи ова стануваше збор само за вежба, а не реалност во училиштето.

Но, поради фактот дека само неколку дена претходно имаше престрелка меѓу банди во близина и наставата беше прекината, во училиштето беше спроведена обука за тоа како децата да се заштитат при евентуален вооружен инцидент. .

„Никогаш не се навикнуваш на пукање; живеете со таа постојана грижа“, рече директорката на училиштето Јесус Маестро Ивона Гонзалес за агенцијата Франс Прес (АФП).

Обуката ја организираше Меѓународниот одбор на Црвениот крст (ICRC) во Мануел Агире и во други училишта во Каракас. Насилството помеѓу наркобандите е толку распространето во квартот Петаре поради што децата можат многу лесно да го разликуваат пукањето од различни оружја и оддалеченоста на која се испукани.

Петаре имаше имаше стапка на насилна смрт од 80 на 100.000 жители во 2022 година, според невладината организација Венецуелска опсерваторија за насилство. Меѓутоа, нема официјална државна статистика.

Таа стапка е повеќе отколку двојно повисока од веќе алармантната национална бројка на насилна смрт од 35,3 на 100.000 жители - шест пати повеќе од светскиот просек.

TRT Balkan / агенции
Популарни