Михаило Подољак, советник во Кабинетот на украинскиот претседател, денес одби да ги коментира наводите за испорака на авиони Ф-16 во Украина.
„Јасно е дека ова нема да го коментираме на никаков начин бидејќи тоа е фактор на опстанок за нас“, рече тој во интервју за локална телевизија.
Тој истакна дека ниту еден од западните партнери на Украина не дал официјална изјава за ова прашање.
Меѓутоа, доцна синоќа литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис објави на социјалната мрежа Х:
„Ф-16 во Украина. Уште една невозможна работа е целосно возможна.“
AA