Единиците, обучени во Русија, се вклучиле во војната против Украина / Фото: Reuters

Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана соопшти дека севернокорејските воени единици се распоредени во руската област Курск.

Во писмено соопштение Министерството истакна дека единиците, обучени во Русија, се вклучиле во војната против Украина.

Се наведува дека околу 12.000 војници од Северна Кореја се пратени во Русија, меѓу кои и 500 офицери и тројца генерали, според украинските разузнавачи.

Во соопштението се наведува и дека војниците се опремени со муниција, опрема за спиење, зимска облека, обувки и средства за хигиена.

AA
Популарни