Украинците надвор од земјата ќе добијат покана за служење воен рок

Украинците надвор од земјата ќе добијат покана за служење воен рок

Војската на Украина предложила да се мобилизираат дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе за армијата.
Оние кои ќе добијат покана ќе треба да се јават во цетрите за регрутирање / Photo: AA

Украинците кои живеат во странство ќе бидат поканети да се вратат во земјата на служење воен рок, изјави денеска министерот за одбрана Рустем Умеров.

Министерот рече дека украинските мажи на возраст меѓу 25 и 60 години, кои живеат во странство ќе добијат покана во наредните недели да се пријават во центрите за регрутирање.

„Сакаме правда за сите бидејќи се работи за нашата сопствена земја. Ќе им испратиме покана“, рече Умеров во интервју за германскиот весник „Билд“.

Тој исто така рече дека може да преземат мерки доколку не се појават доброволно.

„Сè уште разговараме што треба да се случи ако не дојдат доброволно“, рече тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави претходно оваа недела дека војската предложила да се мобилизираат дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе за армијата.

Тој понатаму рече дека никој не го знае одговорот дали руско-украинската војна ќе заврши следната година, но подвлече дека нивната стратегија останува иста, за ослободување на целата земја од руските сили.

TRT Balkan / агенции
Популарни