Соборени се 13 дронови во регионите Запорожје, Одеса и Дњепропетровск  / Фото: AFP

Украинскиот оператор на преносниот систем за електрична енергија Укренерго објави дека руската Армија со беспилотни летала извршила напад врз енергетската инфраструктура во украинскиот регион Одеса.

Од Укренерго е наведено дека руските сили ја гаѓале енергетската инфраструктура во Украина.

„Русите во текот ноќта повторно ги нападнаа објектите за енергетска инфраструктура во Одеса со беспилотни летала, а дел од опремата е оштетен“, се вели во соопштението.

Командата на украинските воздухопловни сили навела дека Русија извршила напад на украинска територија користејќи две ракети С-300/С-400, четири балистички ракети Искандер-М и 13 беспилотни летала Шахед.

Соопштено е дека како резултат на борбените операции на украинските воздухопловни сили биле соборени 13 дронови во регионите Запорожје, Одеса и Дњепропетровск.

Началникот на Воената управа на Запорожје, Иван Федоров, изјави дека седум беспилотни летала биле соборени над регионот Запорожје, но не даде информации дали има штета или човечки загуби.

AA
Популарни