Заканите по јавниот живот и внатрешната безбедност причина за граничните контроли од унгарска страна / Photo: Reuters

Унгарија од 1 јануари ќе започне со контроли на границата со Романија, која се приклучи на Шенген зона.

“Ќе бидат вратени граничните проверки со Романија за да се спречат заканите по јавниот ред и внатрешната безбедност“, објавија унгарските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Унгарската полиција ги предупреди патниците кои влегуваат во земјата дека може да се вршат случајни проверки и ги советува да ги носат потребните документи.

Според весникот „Либертатеа“, повеќе од 30 гранични премини во Романија, кои по копно ќе се приклучат на Шенген зоната во 2025 година, ќе бидат затворени.

Проверките по случаен избор ќе продолжат шест месеци и на бугарско-романската граница.

Романија и Бугарија добија дозвола за влез во Шенген зоната по копно од 1 јануари 2025 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни