Повеќе од 500 деца се убиени во Украина откако Русија започна напад врз таа земја, соопшти Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ).       Фото: Ројтерс архива

Повеќе од 500 деца се убиени во Украина откако Русија започна напад врз таа земја, соопшти Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

„Уште една трагична пресвртница за украинските деца и семејства. Најмалку 501 дете се убиени од ескалацијата на војната во февруари 2022 година“, напиша извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, на Твитер.

Таа истакна дека вистинската бројка веројатно е многу поголема од онаа што ја потврди УНИЦЕФ.

Расел рече дека околу 1.000 деца се повредени и останале со рани и лузни што би можело да траат доживотно.

„Зад секој број се крие распаднато семејство и засекогаш променето. Тоа е потресно. На крајот на денот на децата и на семејствата им е потребен мир", додаде Расел.

AA
Популарни