Бродовите ќе бидат контролирани од Заедничкиот координативен центар во Истанбул     Фото: АА

Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека од Украина тргнале бродови со пченка со знамиња на Панама, Малта и Туркије.

Според соопштението на Министерството, бродот „Навистар“ со знаме на Панама, кој тргна од пристаништето Одеса во Украина и треба да пристигне во Ирска, превезува 33.000 тони пченка.

Бродот ќе биде контролиран од Заедничкиот координативен центар на северот на Истанбул.

Вториот брод со 13.000 тони пченка кој тргна од пристаништето Черноморск во Украина треба да пристигне во Велика Британија. Релацијата на бродот „Роџен“ со знаме на Малта ја следи и Заедничкиот координативен центар.

Заплови и бродот „Поларнет“ под турско знаме, кој чекаше во пристаништето Черноморск во Украина. Бродот треба да стигне во Карасу.

Бродот носи 12.000 тони пченка. Пред да стигне до Карасу, ќе биде прегледан од Заедничкиот координативен центар на северот на Истанбул.

Во понеделникот од украинското пристаниште Одеса исплови првиот брод со жито, кој потоа по одредени проверки во турската метропола го продолжи патувањето од Истанбул до Либан. Бродот под знамето на Сиера Леоне бил натоварен со пченка.

Со посредство на Туркије и ОН, Украина и Русија на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за обновување на украинската испорака на жито од пристаништата на Црното Море. Согласно договорот формиран е Координативен центар кој ќе врши заеднички контроли на влезовите и излезите на пристаништата, обезбедувајќи ја безбедноста на рутите.

Туркије, пофалена од меѓународната заедница за нејзината посредничка улога, го координираше со Москва и Киев отворањето на коридорите преку кои ќе продолжи глобалната испорака на жито што беше запрена од руско-украинската војна од 24 февруари. ,

AA
Популарни